ТОП ВИДЕО |
Thursday, 29 March 2012 18:02
Занимливости
Учениците секоја недела поминуваат по неколку часа пишувајќи домашни задачи, но прашањето е дали од тоа имаат повеќе штета или корист.
Истражувањето спроведено во Австралија покажало дека домашните задачи не им донесуваат никаква вистинска корист на децата во пониските одделенија во основните училишта, а дека позитивното влијание на домашните задачи на успехот во училиштето и квалитетот на стекнатото знаење се забележува дури кај децата постари од 11 и 12 години. „Нашето истражување покажа дека во земјите во кои училишниот систем подразбира обемни и чести домашни задачи академските достигнувања на децата се послаби отколку во земјите во кои тоа не е практика“, вели д-р Ричард Вокер, професор на универзитетот во Сиднеј. „Обемот и бројот на домашни задачи на децата навистина може да им претставува проблем. Ако се затрупани со обврски немаат време да уживаат во учењето на нови работи и стекнување на знаења.“ Обемните домашни задачи имаат поента дури во постарите одделенија, вели д-р Вокер и додава дека, иако звучи неверојатно, често се случува наставниците да им зададат на децата домашни задачи затоа што родителите тоа го очекуваат од нив. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















