Thursday, 29 March 2012 08:30 Занимливости

Живееме во планета полна со можности. Светот е преполн со материјално богатство, а шанси за успех имаме многу. А за среќа?

Кога последен пат почувствувавте вистинско чувство на среќа и исполнетост? Дали во трката за пари заборавивте дека вистинските работи не можете да ги купите и дека среќата лежи во малите задоволства?

Ова се неколку ситници кои можат да ви го разубават денот, а за останатото потрудете се сами.

За почеток, секое утро бакнете ја саканата личност. Се уште не сте си ги измиле забите! Не барајте оправдување, можете да ја бакнете во чело, лице или нос. Важно е да и го разубавите денот. Една порака “те сакам” оставена на фрижидерот ќе биде повеќе од доволна.

Поздравете го соседот иако не сте сигурни дека го познавате. Не го оставајте доброто расположение дома.

Бидете трпеливи во сообраќајот. Дури и ако доцните, имајте на ум дека не е важно да пристигнете први. Секогаш има нервозни возачи, ако ве погледнат накосо само насмевнете им се. Сигурно ќе ги разоружате сите.

Бидете пријатни кон колегите. Можеби не се по ваша мера, но сакале – не сакале половина од денот го поминувате со нив. Убаво е кога знаете дека има толеранција.

Не ја започнувајте секоја реченица со јас. Самодовербата е одлична работа, но доколку претерувате ќе постигнете контраефект.

Разграничете ја работата од приватниот живот. Едното не треба да трпи поради другото. Кога влегувате дома “уф” и “оф” оставете ги пред врата. Сигурно никој нема да ги земе. Наместо тоа наместете широка насмевка и поздравете ги домашните или саканата личност.

Ако се најдете пред некој шалтер запаметете дека од другата страна се наоѓа личност од крв и месо. Ако сте љубезни и тие ќе бидат.

Подарете ја облеката која не ја носите повеќе во добротворни цели. Но, имајте на ум дека не е убаво да подарите нешто што ни самите нема да го носите.

Научете да делите и примате комплименти. Не ја забивајте главата во песок секогаш кога некој ќе ви каже дека изгледате одлично. Можеби се чувствувате неубаво, но убавината доаѓа одвнатре.

Научете дека не на одмет понекогаш да го исклучувате телефонот. Кога одмарате, гледате филм или кога вие и вашиот партнер имате вечер само за вас двајцата.

Бидете искрени кон себе и кон другите. Доколку ви пречи колешката, најдобро самите кажете и, наместо да ја оговарате наоколу. Полошо од ова е кога озборувате некој којшто воопшто сте немале можност да го запознаете. Ако зборувате лошо за другите, на крај и вие ќе се чувствувате подеднакво лошо.

Смејте се секогаш – смеењето го продолжува животот. Научете да прифаќате шеги на сопствена сметка, така ќе ви биде дозволено и да се шегувате на сметка на другите.

Не бидете скржави. Оствајте бакшиш. Дури и мал бакшиш остава добар впечаток за вас. Не чудете се ако наредниот пат келнерот лета околу вас или фризерката ве бутне преку ред.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...