ВИЦ
Мало девојче ја прашува својата мајка: ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 28 March 2012 14:21
Занимливости
Отисокот од уста со кармин може да открие по нешто за вашата личност... Анализирањето на отисокот од вашите усни кој останува откако ќе бакнете хартија може да открие по нешто за вашата личност, ако може да и се верува на теоријата на Џили Еди, професионалец за „читање“ на овие отисоци. „Ако погледнете нечии усни во природата, не можете да заклучите каков впечаток ќе остават. Личностите со полни усни можат да оставаат неочекувано тенки трагови, и обратно, отисоците на реално тенки усни можат да бидат неочекувано ‘полни’“, објаснува Еди за порталот GloMsn.
Овален или кружен отисок открива личност која сака работите да течат „подмачкано“. Таквите личности избегнуваат конфликит и кавги, и сакаат сите околу нив да бидат среќни. Отисок од усни во форма на дијамант оставаат личностите кои и самите се како дијамант - со исклучителна природа и блескав ум. Тие се добри пријатели, успешни се и способни да постигнат се што посакуваат. Одлични ментори се затоа што сакаат да им помагаат и на другите на патот до успехот. Тенката горна усна открива ситничава природа. Ваквите личности многу водат грижа за деталите и одлично се организирани. Добро им оди пронаоѓањето на ефикасни решенија за проблемите со кои се среќаваат. Тенката долна усна открива аналитична природа. Таквите луѓе обично се добри со броеви, статистика и други егзактни области. Полната горна усна открива личност која умее да ги слуша другите, така што овие луѓе обично се „рамо за плачење“ на сите свои пријатели. Добри се во решавањето на туѓи проблеми. Полната долна усна имаат луѓето кои обожаваат деца и животни. Таквите личности се многу зборлести, често се занимаваат со пишување, а одлични се и како забавувачи. Отисок кој е целосно обоен оддава енергична природа. Кога личноста со ваков отисок на усните одлучи што сака да постигне, ништо не може да ја спречи во тоа. Добри лидери се и одличнисе кога треба другите да ги убедат да поддржат некоја нивна идеја. Обично водат сопствен бизнис, а ако тоа не е случај, тогаш најчесто се на менаџерски позиции во компанијата за која што работат. Отисок кој е прошаран со белини открива луѓе кои се преморени. На таквите личности често им е потребен „бег“ во природата за да се релаксираат и да си ја повратат енергијата. Ваквиот отисок од усни го оставаат луѓето на кои им е неопходно да оддвојат време за себе, во кое нема да бидат оптеретени со туѓи желби и потреби. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















