ВИЦ
На железничка станица ТОП ВИДЕО |
Monday, 26 March 2012 15:29
Занимливости
Обичните пуканки веќе се прогласени за одлична диетална храна поради малкуте калории, а новото откритие изненади многумина.
Група научници тврди дека по нивото на антиоксиданси пуканките се поздрави од овошјето и зеленчукот. Полни се со антиоксиданти, познати како полифенол. Тие го намалуваат стареењето на мозокот, односно помагаат во борбата со молекули кои ги оштетуваат клетките. Откриено е дека пуканките имаат големо ниво на концентрирани антиоксиданси затоа што се составени од само 4% вода додека се многу поразредени во овојшето и зеленчукот со оглед на тоа дека тие намирници се составени од 90% течност. Една порција пуканки, според проценките на научниците, има 300 милиграми антиоксиданти, речиси двојно повеќе од еднаква порција овошје. Освен тоа, во пуканките се наоѓа и големо ниво на влакна. Научниците од универзитетот Скрантон во Пенсилванија своите откритија ги објавиле на состанокот на American Chemical Society во Сан Диего. „Пуканките заслужуваат многу почит. Тие се нутритивно злато“, рекол учествувач во истражувањето Џо Винсон. Меѓутоа, тоа не е храна на која би требало да се темели дневниот оброк бидејќи не содржи витамини и нутриенти кои можеме да ги пронајдеме во овошјето и зеленчукот. „Една порција пуканки ќе ‘покрие’ повеќе од 70% од дневниот внес на житарици. Просечна личност го исполнува потребниот препорачан внес само 50%, а пуканките можат да им помогнат да го надокнадат тој недостаток“, рекол Винсон. Тајната на калориите кај пуканките се крие во подготовката. „Пуканките печени во микробранова печка имаат двојно повеќе калории од оние кои се печат на рерна“, заклучува Винсон. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















