ТОП ВИДЕО |
Sunday, 25 March 2012 11:37
Занимливости
Една мачка преживеала пад од 19 спрат од стамбено-работна зграда во Бостон.
„Некој на вториот спрат забележал дека нешто поминало паѓајќи пред нивниот прозорец. Погледнале надвор и виделе дека мачката паднала, се дочекала на нозе, а потоа истрчала“, раскажа Брајан О’Конор од бостонското згрижувалиште за животни. Нивниот тим веднаш дошол до таа зграда. „Кога дојдовме, вработените во зградата ја пронашле мачката и ја згрижиле внатре“, рече О’Конор. Во почетокот не биле сигурни од кој точно спрат паднала, па ја однеле на ветеринарен лекар. Таму на нејзиниот нос е откриена мала исеченица, а рендгенската снимка покажала дека со внатрешните органи се е во ред. За среќа, мачката била микрочипирана, па сопственикот брзо е пронајден. Живеел на 19 спрат од таа зграда и така е откриено од кој спрат скокнала оваа мачка. „Ова е навистина среќна мачка“, коментирал О’Конор и на медиумите им рекол дека дел од нејзината среќа лежи во тоа што не паднала на бетон, туку на површина со трева. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















