Friday, 23 March 2012 16:59 Занимливости

Филмските јунаци кои поседуваат волшебни моќи, како серијалот за волшебникот Хари Потер, ги поттикнуваат децата да фантазираат, тврдат британските истражувачи.

Група истражувачи од универзитетот во Ланкастер им кажале на училиштата почесто да им покажуваат на децата филмски остварувања за измислени светови, волшебници и самовили.

Предмет на истражување на британските научници било влијанието кое измислените јунаци како волшебници и самовили, но и Дедо Мраз, го имаат врз децата.

Научниците сметаат дека верувањето во надреални појави, како што се летање на метла или животни кои умеат да зборуваат, укажуваат на способноста за создавање на нови светови, а со самото тоа и нови перспективи за решавање на проблеми.

Истражувањето опфатило група деца на возраст меѓу четири и шест години. Децата се поделени во две групи, кои гледале различни инсерти од филмот „Хари Потер и Каменот на мудроста“.

На првата група и се прикажувани сцени со многу волшебници и волшебни стапчиња, додека другата ги следела јунаците во нормални ситуации. По проекцијата, децата биле подложени на разни тестови за време на кои требало да измислат некоја приказна, да замислат разни начини за употреба на некој предмет и да нацртаат реални и измислени проекти.

Децата се оценувани според спонтаноста, бројот на понудени алтернативи и оригиналноста. Резултатите од истражувањето покажале дека децата од групата која видела магични сцени многу подобро реагирала на понудените загатки и постигнала подобри оценки по сите критериуми.

Истражувачите потоа спровеле слично истражување со група деца стари меѓу шест и осум години и добиле приближно исти резултати.

„Магичното“ размислување им овозможува на децата да создаваат фантастични светови и ја зголемува нивната способност да го сфатат светот во кој живеат и на истиот да влијаат од различни агли, наведуваат професионалците по психологија на универзитетот во Ланкастер.

Тие сметаат дека книгите и филмовите за магија им помагаат на децата да ја прошират својата фантазија и да размислуваат на покреативен начин.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...