Friday, 23 March 2012 16:37 Занимливости

Децата во основните училишта во еден бразилски град почнале да носат училишни униформи со чипови кои ги предупредуваат родителите ако децата им бегаат од часови.


Како што рекол Кориолано Мораес, секретар за образование во градот Виторио да Конкиста, околу 20.000 ученици од во 25 од 213 државни училишта почнале кон почетокот на оваа недела да носат маици со кратки ракави опремени со чипови.

Тој додал дека до 2013 година во тој град сите 43.000 ученици на возраст од четири до четиринаесет години ќе носат таква облека.

Тие „интелигентни училишни униформи“ им јавуваат на родителите кога нивните деца ќе влезат во училишната зграда со порака на мобилниот телефон. Ако детето не се појави 20 минути од почетокот на часот, родителите добиваат порака: „Вашето дете се уште нема стигнато во училиштето.“

Ако детето три пати не дојде на час, училиштето бара од родителите да го оправдаат отсуството, рече Мораес и додаде дека училиштето ги известува властите ако родителот не го направи тоа.

Градските власти на Виторио да Конкиста вложиле 670.000 долари во осмислување, испробување и правење на маици со чипови, рече градскиот секретар за обезбедување и додаде дека тие маици без проблем можат да се перат и пеглат.

Мораес рече дека Виторио да Конкиста е првиот град во Бразил и „можеби во светот“ со таков систем.

„Верувам дека поставивме тренд затоа што добивме многу барања од цел Бразил за информации за тоа како работи системот“, додаде тој.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...