ВИЦ
- Знаеш англиски? ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 21 March 2012 17:00
Занимливости
Поголемиот број луѓе во светот сметаат дека со пари среќата може да се купи, покажа анкетата на агенцијата Ipsos, спроведена во 24 земји. Само една третина од 20.000 акетирани е задоволна со својот живот, додека две третини „имаат потреба да живеат подобро“.
На листата на сторители кои најмногу учествуваат во подобрување на благосостојбата и квалитетот на живот, 89% од испитаниците ја истакнале посилната домашна економија, додека 84% од нив се изјасниле во корист на подобрите услови за живот и посилните семејни односи. Само 56% од испитаниците кажале дека пронаоѓањето на сродна душа е основа за подобар живот, додека 49% пронаоѓаат среќа во молитва и медитација. Испитаниците обично придавале големо значење и на факторите како што се подобра исхрана, подолго спиење и чести физички активности. Истражувањето покажало голема разлика во одговорите во зависност од земјата од која потекнувале испитаниците, без разлика дали станува збор за Бразил, Саудиска Арабија, Шведска, Германија, Јужна Африка, Унгарија, Јапонија или Мексико. Така Унгарците во главно сметаат дека треба подобро да живеат, но дека тоа е денеска потешко изводливо од порано е нешто за што се согласуваат Французите. Судијците пак, како и Индијците и Швеѓаните, во главно се задоволни од својот живот. Речиси три четвртини од анкетираните, посебно меѓу Индонежаните, Јужноафриканците, Јужнокорејците, Унгарците и Швеѓаните, сметаат дека за подобар живот е потребно планирање. Меѓутоа, со ова не се согласуваат поголемиот број Французи и Белгијци за кои „подобриот живот“ не е нешто што може да се испланира. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















