ВИЦ
ТОП ВИДЕО |
Sunday, 18 March 2012 13:09
Занимливости
Еден Италијанец на суд го тужел љубовникот на жена си од кој бара 600.000 евра за „морална штета“ предизвикана од неверството.
„Оштетениот“ Италијанец, кој е воен официр, бара 200.000 евра за себе, а 400.000 евра за своите две деца, 14 годишна ќерка и 9 годишен син. Овој случај почнал за време на оваа недела во градот Сполет во регионот Умбрија. Според наводите на „оштетениот“, чие име не е објавено, аферата на неговата 39 годишна жена кај неа предизвикала развој на „опсесивно однесување кое предизвикало уништување на семејниот живот и избегнување на нејзините брачни должности“. Изневерениот сопруг исто така наведува дека аферата кај него предизвикала депресија. Тој на судот приложил и медицинска документација. Наводниот љубовник, 39 годишен агент за осигурување, инсистира дека тој е само добар пријател со жената, која е наставничка и живее со сопругот во Сполет. „Тој негира дека и бил љубовник. Дури и тоа да е вистина, сметаме дека може да води љубов со кој сака, без разлика дали таа личност е во брак, сама или разведена“, кажал адвокатот на обвинетиот Марко Бруско. Тој нагласил дека неверството можеби некогаш била кривично дело во Италија, но тоа повеќе не е така „бидејќи не постои закон со кој е забрането човек да отиде во кревет со сопругата на друг човек.“ |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















