ВИЦ
Миличок, зарем заборави дека лекарот ти забрани да пиеш вино со јадењето? - Во право си! Тргни го јадењето! ТОП ВИДЕО |
Saturday, 17 March 2012 14:31
Занимливости
Младите кои се вратиле да живеат кај родителите од економски причини во изминативе неколку години, во главно се среќни поради тоа, покажала нова американска студија.
Студијата која ја спровел Истражувачкиот центар е основана на извештајот на сопственици на домови како и на анализата на податоци на американскиот центар за проценки. Во студијата се наведува дека 39% од младите на старосна возраст меѓу 18 и 34 години во САД биле приморани да се вратат кај своите родители во изминатите неколку години поради економска криза. Агенцијата Reuters пренесува дека 78% од испитаниците на возраст од 25 до 34 години рекле дека се среќни поради враќањето во домот на родителите. „Ако се претпоставуваше дека е срамота да се живее со мама и со тато“, напишале професионалците, „денешните ‘бумеранг генерации’ не мислат така.“ Истражувачите наведуваат дека процентуално поголем број Американци живеат во заедници и дека тој процент е највисок од раните ’50-ти поради големата стапка на невработеност меѓу младите луѓе. Истражувањето, спроведено во декември на 2.048 испитаници, покажало дека 53% од оние на возраст меѓу 18 и 34 години се среќни што се вратиле дома, во споредба со 41% од оние на возраст меѓу 25 и 29 години и 17% од оние меѓу 30 и 34 години. Истражувачите откриле дека враќањето на младите дома добро влијаело на меѓугенерациските односи - 34% од испитаниците на возраст меѓу 18 и 34 тврдат дека го подобриле односот со родителите. Само 18% кажале дека враќањето дома го влошило нивниот однос со родителите, додека 47% велат дека нема никаква разлика во односот. На прашањето како им платиле на своите родители што ги примиле назад, 96% од испитаниците стари од 18 до 34 години кажале дека им помогнале во домашните работи, додека 75% помогнале во трошоците околу куќата. Само 35% од испитаниците не платиле ништо. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















