ТОП ВИДЕО |
Friday, 16 March 2012 11:29
Занимливости
Посегнува по чашка алкохол, како и многу мажи кога партнерката ќе им го скрати задоволството наречено оргазам, тврдат научниците.
Во студија објавена во списанието Science, научниците предлагаат биологично објаснување зошто одговорот: „Не вечерва, душо“, има последица за: „Дај уште една пијачка“. Доколку најновите резултати бидат потврдени, тоа би можело да им помогне на научниците да пронајдат нови видови на лечење на алкохолизмот за кое би биле заслужни илјадници фрустрирани муви. Една по една, истражувачите ставале муви „Казанови“ во сад со женка која штотуку завршила со парење, така што во тој момент не е ни најмалку заинтересирана за секс. Таа би бегала од натрапливиот мажјак, дури и физички би се пресметала со него. Мажјаците секојдневно во период од четири дена се изложувани на оваа „тортура“, а на крајот би се откажале од секој обид да ја заведат женката. По оваа болно искуство, на отфрлените мажјаци им е дадено да бираат меѓу редовна храна и храна натопена во алкохол. Тие едноставно се фрлале на алкохолот и очигледно се опијанувале.
Истражувачите направиле експеримент и со мртвите женки и резултатот бил идентичен. Меѓутоа, штом би биле доведени во контакт со женки спремни на секс, нивната желба за алкохол видно опаѓала. Истражувачите потоа ја проучувале супстанцата во мозокот на мувите, позната како NPF. Тие мислат дека пријатните активности, како имањето сексуален однос, ја прават поуспешна активноста на мозочните бранови кои користат NPF, што создава пријатно чувство. Доколку на мувите им се скратува сексот, системот запаѓа во криза, приморувајќи ја мувата да побара друг вид на „стимулативни“ активности како пиењето алкохол. „Мислам дека тоа функционира на сличен начин и кај луѓето“, рекол водачот на истражувањето, Улрике Хеберлин од калифорнијскиот универзитет во Сан Франциско. „Доколку е тоа точно, би може да ни биде многу појасно зошто негативното искуство, како што е сексуалното одбивање, може некого да наведе да пие“, додала таа. Трој Зарс од универзитетот Мисури, кој не учествувал во истражувањето, смета дека дополнителното проучување на NPF би можело да и ја расветли на биологијата зависноста од алкохол и можеби да укаже на нови терапии во лечењето на зависноста од алкохол. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|























