ВИЦ
Дечкото: - Имам нешто да ти кажам. ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 14 March 2012 17:18
Занимливости
Децата кои знаат дека грешките и неуспесите се составен дел од процесот на учење подобро напредуваат во училиштето.
Преамбициозните родители кои од децата бараат секогаш да постигнуваат најдобри резултати во сите области од животот, со својот „тврд“ пристап можеби ги поткопуваат шансите на детето за идни успеси. Децата кои се воспитани дека „неуспехот не е опција“ и дека секој лош резултат ги прави помалку вредни, подоцна ќе се плашат да ризикуваат во било што или да се обидат самостојно да решат некој проблем, доколку не се сиугрни во успешниот исход. „Се фокусиравме на широко распространетото мислење кое не уверува дека неуспехот е еднаков на интелектуалната инфериорност“, вели францускиот научник Фредерик Отин. Ако се оптеретени со успехот, учениците се плашат од грешки, што го отежнува учењето. Прифаќање на фактот дека понекогаш можат да се јават и потешкотии е важен дел од самиот процес на учење. На тој начин се спречува развивање на модел на однесување во кој стравот од неуспех доведува до чувство на неспособност и губење на волјата за напредување. „Нашето истражување покажа дека најдобар метод на едукација е оној кој дозволува можност за грешки“, вели Отин.
Родителите и наставниците би требало да ги учат децата дека е важно да ги интересира суштината на содржините со кои се занимаваат, познавање на темата, а не дека усепхот на детето се мери исклучиво преку оценките. Учењето бара време и секој чекор во овој процес е важен, посебно на помлада возраст, кога децата мораат да се сретнат со грешки. Во првата фаза на истражувањето учествувале 111 деца на возраст од 11 до 12 години на кои им е даден многу тежок анаграм и никој од нив не успеал да го реши. Научниците потоа разговарале со учениците, поделувајќи ги во две групи. На едната група и е кажано дека учењето е тешко и дека грешките се чести, но дека вежбањето ќе помогне, баш како кога учеле да возат велосипед. На децата во другата група само ги прашале на кој начин се обиделе да го решат проблемот. Во продолжение на тестирањето, подобри резултати во мерење на когнитивните способности покажале децата од групата на која и е кажано дека грешките се нормална појава, вообичаена за процесот на учење. Мислењето на децата и младите за неуспехот можеби е поважно отколку што досега се сметало, заклучено е во студијата. Одгледувањето на адекватен став кон успехот и грешките претставува предуслов за развој на здрава личност и им пружа на децата повеќе шанси еден ден да бидат успешни во областите во кои ќе се занимаваат. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|























