ВИЦ
Разговараат Мујо и Хасо,па Хасо му се пофалил на другарот: ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 14 March 2012 10:55
Занимливости
Набљудувајте ги луѓето околу себе и откријте ги нивните карактеристики...
Очи Tие се огледало на душата. Затоа погледнете го растојанието помеѓу очите, луѓето чие растојание меѓу очите е толкаво што може да собере уште едно око (или повеќе) имаат отворен ум, независни се и не поднесуваат авторитети. Урамнотежено растојание меѓу очите укажува на сложени карактери кои ја проценуваат секоја ситуација. А, тесното растојание упатува на конзервативна личност, зависна од другите, но која има и исклучителна моќ за концентрација. И обликот на очите и веѓите открива многу. Тркалезни или благо заоблени очи и веѓи имаат страсните луѓе и луѓето кои се водат од емоции. Рамните очи и веѓи укажуваат на рационални луѓе, кои сакаат да ги анализираат работите. Очи закосени кон горе имаат позитивните луѓе, кои секогаш се насочени кон остварување на своите цели. Ако очите се лесно спуштени кон долу склони сте кон песимизам и кон ранливост.
Прсти Луѓето кои многу размислуваат и се водат според разумот имаат долги прсти. Кратки прсти имаат сензибилните луѓе кои се водат според срцето. Ако едниот прст е подолг и се истакнува над другите, укажува на некоја истакната црта од карактерот. Изразен показалец открива смелост и амбициозност, изразен мал прст укажува на добри говорнички вештини и екстровертност. Изразен среден прст имаат личности со цврста волја и организациски способности, а домалиот прст укажува на креативност и емотивност.
Прсти на нозете Секој прст на стапалото укажува на некоја карактеристика – во зависност од тоа колку е изразен. Големиот прст на десното стапало укажува на среќа, вториот на желбите, третиот на склоност кон борба, четвртиот на односи со другите луѓе и малиот прст на стравовите. На левото стапало големиот прст укажува на тага, вториот на чувствата, третиот на замисленост, четвртиот на наклонетост, а малиот прст на тоа колку им верувате на луѓето. И обликот на прстите на нозете открива какви карактеристики има личноста. Шилестите прсти откриваат нерамнотежа во тој дел, на пример шилест мал прст на левата нога укажува на неурамнотежена доверба во другите луѓе. Заоблени прсти на врвот упатуваат на сочувство, а четвртастите на практични луѓе.
Усни Малите усни упатуваат на личности ориентирани кон себе, лакоми и скржави. Големи усни откриваат великодушност. Полни усни имаат емоционалните и грижливите луѓе.Стиснати усни имаат објетивните луѓе. Потенка горна усна укажува на себичност во врската, а потенка долна усна на претерана великодушност.
Нос Според кинеската традиција за читање на лицето, носот открива управување со финансии. Големиот нос укажува на снаодливост со пари, малиот на срамежливи личности, а широкиот нос на емотивно темпераменти луѓе. Тесниот нос открива темпераментност, но и ранливост. Насоката кон која е свртен врвот на носот покажува како ги трошите парите. Ако е свртен кон десно, трошите повеќе исполнувајќи им ги желбите на другите луѓе, отколку на себе. Насочен кон лево значи спротивното, а ако е во центар праведно ги делите парите. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|























