ВИЦ

Полицаец со вози во градски автобус и наеднаш автобусот нагло закочува и на полицаецот му седнува згодна девојка. Целата зацрвенета му вика:
- Простете, акселерација!
- Драго ми е, Цветко! – рече полицаецот.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Thursday, 23 July 2009 03:02 Занимливости
Секој филмски жанр нуди по некоја поука. Што нуди акцијата?...

 

Драмите, на пример, не потсетуваат колку луѓето можат да станат очајни, додека хорор-филмовите не подучуваат дека не треба да кампираме во шума со бучни и сексуално излудени тинејџери. Романтичните комедии, пак, покажуваат дека секој убавец или убавица колку и да ни се чинат совршени, на крај сепак се претвораат во нарцисоидни будали, додека вистинската сродна душа би ја пронашле во пријателот, кој до сега сте го земале здраво за готово.



Акционите филмови наизглед не нудат многу. Нивната сезона започнува со летните денови, а специјализирани се за спектакуларни сообраќајни несреќи, експлозии и тепачки. Но, исто така раскажуваат за херојства. А бидејќи сите сакаме да мислиме за себе дека сме херои, не пречи да се размисли за тоа што навистина е потребно да се стане херој. Патот не е лесен. Постојат 10 лекции од акционите филмови преполни со парадокси и контрадикции. Исто како и животот!

1. Хероите не знаат секогаш дека се херои!
Понекогаш мудриот стар Једи или магичната утка се појавуваат од никаде за да ве информираат за вашата судбина. Понекогаш се наоѓате на погрешно место во погрешно време, а треба да донесете важна одлука. Но, порано или подоцна некој ќе ве повика и вашиот живот никогаш повеќе нема да биде ист.

2. Херојството е осамено и неблагодарно занимање!
Кутриот Spider-Man и Harry Potter. секој од нив е сам со своите моќи и одговорности, додека се оптеретени од огромни очекувања и недоразбирања кои ги предизвикуваат нивните блиски пријатели и сојузници. Секако дека е супер да се биде посебен, но шансите да уживате во тоа (да летате, да бидете невидливи или да ја бакнувате Kirsten Dunst додека сте свртени наопаку), се навистина мали. Наградата за вашиот труд не е слава, туку тивка и сопствена сатисфакција за направеното добро дело.

3. Кога ситуацијата ќе стане густа, вообичаените правила не важат повеќе!
Вашите супервизори, уредници, наставници и други авторитетни ликови инсистираат на поништување на правилата и протоколите. Ќе се обидувате да им објасните дека канибалистичките зомби, психотичните негативци, глобалната завера и заканта од вонземјанска катастрофа имаат потреба од посебни мерки и за тоа ќе бидете казнети, се додека не треба да го спасите животот на вашиот шеф и тогаш ќе добиете одобрение за сите ваши смели одлуки.

4. Работата секогаш станува лична!
Лошите момци ќе најдат начин да ви ја киднапираат сопругата, љубовницата, децата или вашата мајка. Тогаш вашите професионални мотиви при спасувањето или освета се појачуваат со интимен и семеен императив. Вашата работа никогаш не е само работа. Пари, здравствено осигурување, осуда, вистина, правда - таквите работи ќе станат неважни кога се борите за оние за кои најмногу ги сакате.



5. Не можете да верувате никому!
Вашиот шеф работи за негативците, вашиот најдобар пријател има тајни планови, па дури и вашиот партнер учествува во соработка со терористите кои се обидуваат да ве киднапираат. Бидете внимателни. Држете ги ширум отворени очите...

6. Секогаш постои некој на кој сепак можете да верувате!
Можеби целиот свет сака да се закачи до Jason Bourn, но тука е Joan Allen кој со шепот во телефонската слушалка ќе го донесе до крајот на филмот. Batman има Michael Cain и Morgan Freeman кои му ја крепат душата и му ја крпат облеката. Дури и ако немате вакви помошници кои вредат неколку оскарски номинации, секогаш можете да набавите верно куче.

7. Секогаш има доволно време!
Дури и кога работите се опасни и во хаос, кога ќе се запали црвената ламбичка и одбројувањето на бројачот до нула - секогаш останува доволно време барем за последниот, значаен бакнеж. Ако имате доволно среќа, ќе имате доволно време и да ги заспиете вашите деца и да отворите лименка со пиво.

8. Никогаш не смеете да се опуштите!

Баш кога ќе завршите со бакнежот или ќе отпиете 2-3 голтки пиво ќе ви заѕвони телефонот, ќе се вклучи алармот, вселенски брод ќе слета во дворот или нешто ќе прелета покрај прозорецот.



9. На крајот се ќе биде ОК!
Планетата била близу до уништување и многу луѓе починале, но вие успеавте да го најдете патот до вашата куќа, да ја завршите работата и да ги стишите демоните во вашата глава. Не е работата во тоа дека сите грозни работи кои се случиле не се важни, туку напротив масовната деструкција и апокалипса, вие сте успеале да најдете начин како да продолжите да живеете мирен живот.

10. Секогаш можете да сметате на продолжение!
Избришете ја потта од вашето лице и прегрнете ги саканите пред да се упатите кон залезот на сонцето или кон куќниот праг. Раните ќе зацелат, времето ќе помине...Но, за година или две, можеби и следното лето злото повторно ќе се појави. Бидете спремни за тоа! Вие сте херој и вашата работа никогаш не е завршена!
 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...