ВИЦ
Циган оди во продавница за миленичиња и прашува: ТОП ВИДЕО |
Friday, 09 March 2012 22:11
Занимливости
Животот е многу едноставен, само ние, луѓето, сме тие што го комплицираат...
Направете го животот помалку комплициран и прочитајте ги советите од marcandangel.com. Учете од минатото, а потоа избегајте од него! Грешките од минатото треба да нѐ научат да имаме прекрасна иднина, а не да се плашиме од неа. Своите грешки не ги носете со себе, наместо тоа ставете ги "под нозе" и искористете ги како скалила. Никогаш не жалете. Ако ви било добро, одлично. Ако не ви било, тоа ќе ви биде искуство плус. Успехот не се темели на тоа до каде сте дошле во одреден миг, туку колку сте научиле и колку сте постигнале за да стигнете до таму. Фокусирајте се на она што навистина е важно. Научете се да правите разлика што е навистина важно за вас, а потоа елиминирајте го останатото. Не трошете време и не жалете за ништо. Фокусирајте се на тоа да бидете продуктивни, а не презафатени. Не треба само да работите, најважно е да ги правите вистинските нешта. Резултатите се секогаш поважни од времето кое е потребно за да се постигне нешто. Застанете и запрашајте се дали она што го правите е вредно за вашиот труд? Давајте го она што сакате да го примате. Од другите ќе го добивате најдоброто тогаш кога ќе го дадете најдоброто од себе. Почнете да го практикувате златното правило - ако сакаш да добиваш љубов, давај љубов. Ако сакате пријатели, бидете друштвени и пријателски расположени. Навистина е едноставно... Престанете да се обидувате да им бидете сѐ на сите. Не обидувајте се да бидете пријател со секого, подобро имајте неколку поблиски пријатели. Почнете да се концентрирате да бидете сѐ на некого. Невозможно е да им помогнете и да ги задоволите сите, но насмевката на една личност може да промени многу.
Направете го она што ви го кажува срцето. Престанете да правите неморални работи само затоа што можете да ги сторите. Започнете да бидете искрени кон себе си и кон другите. Не изневерувајте, бидете верни, бидете добри, направете ја вистинската работа! Направете го животот поедноставен и попријатен така што ќе го направите она што длабоко во срцето знаете дека е исправно. Организирајте го просторот. Ослободете се од работите што не ги користите и организирајте го останатото. Важно е домот и работното место да ви бидат организирани. Дозволете нештата да не бидат совршени. Насмевнете и се на секоја можност која ќе ја добиете, не затоа што животот е совршен, туку затоа што сте избрале да бидете среќни и благодарни. Морате да го прифатите фактот дека животот и луѓето не се совршени и дека и вие не се совршени. Ослободете се од непотребната драма и од луѓето што ја прават. Не правете непотребна драма и не окружувајте се со луѓе што ја прават. Изберете пријатели за кои сте горди што ги познавате, на кои им се восхитувате и кои ве сакаат и почитуваат. Животот е премногу краток за да го трошите со луѓе кои ја шмукаат среќата од вас. Заборавете што мислат другите за вас и што сакаат од вас. Една од најголемите слободи е да не се грижите за мислењето на другите за вас. Понекогаш треба едноставно да земете здив и да се потсетите кои сте и што сакате да бидете. Ризикувајте, не прифаќајте само безбедни и лесни одлуки. Не дозволувајте малите умови да ве убедуваат дека вашите соништа се премногу големи. Бидејќи не се. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|























