Friday, 09 March 2012 10:00 Занимливости

Кока-кола и Пепси го менуваат вообичаениот рецепт со помош на кој пијалокот добива боја на карамела, а се поради калифорнијскиот закон според кој пијалоците на амбалажата мораат да имаат ознака со ниво на канцерогена опасност.


Познатите компании известија дека наведената промена ќе биде проширена на национално ниво. Промените веќе стапиле во сила во Калифорнија.

Кока-кола и Пепси заземаат околу 90% од газираните пијалоци на пазарот, е резултат кој го покажува истражувањето на Beverage Digest. Американското здружение на произведувачи на безалкохолни пијалоци изјави дека нивните фирми ќе продолжат да ја користат бојата на карамела во одредени производи, но дека во Калифорнија ќе мораат да направат некои измени поради промената на законот.

„Купувачите нема да забележат никаква разлика во нашите производи и нема никаков страв за било какви здравствени проблеми“, стои во соопштението на Здружението. Претставник од Кока-кола објасни дека биле присилени да ги менуваат своите производни процеси за намалување на хемикалијата 4-метелимидазол.

„Иако сме уверени дека нема никаков здравствен ризик, побаравме од нашиот доставувач на боја на карамела да го намали нивото на спорната хемикалија за нашите производи да не бидат на листата на предупредување“, велат од Кока-кола.

Центарот за наука и цел на јавниот интерес во февруари пондел петиција до Американската агенција за храна и лекови да ја забрани употребата на карамел бојата која содржи амонјаксулфиди. Портпаролот на Агенцијата за храна и лекови изјави дека сериозно ќе го разгледа барањето. Но, додаде дека потрошувачите во еден ден би требало да испијат околу 100 лименки за во организмот да постигнат ниво на амонјаксулфиди кое би можело да предизвика карцином.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...