Monday, 05 March 2012 23:19 Занимливости

Брадaта некогаш била симбол на машкост и зрелост, но жените денес не мислат така...

На денешните жени не им се привлечни мажите со брада, затоа што тие им изгледаат агресивно и старо. Сепак, не е се така црно за мажите коишто сакаат брада, затоа што брадата влева почит, особено кога се во прашање постари мажи.

Експертите нудат неколку теории за тоа зошто мажите пуштале брада. Брадата е добра за да се заштити кожата од сонцето и некогаш одамна ги ублажувала ударите во борбите. 

Една необична теорија вели дека мажите со брада имаат подобар имунитет, бидејќи во брадата се задржуваат разните бактерии кои предизвикуваат болести, па овие луѓе имаат подобра здравствена состојба.

Иако жените обично ги привлекуваат силни и здрави мажи, новите истражувања покажуваат дека на припадничките од женскиот пол, брадата им е одвратна.

Во текот на студијата, 19 мажи пуштале брада во текот на шест недели, а научниците ги фотографирале во различни емоционални фази, кога биле среќни, лути или депресивни.

Потоа тие се избричиле и повторно биле фотографирани, а овие слики им биле покажани на 200 жени. На сите жени повеќе им се допаѓале мажите кога биле без брада и тврделе дека со брада изгледаат постаро и поагресивно. Сепак на жените им се допаѓаат мажи со тридневна брадичка.

Научниците заклучиле дека мажите со брада делуваат помажествено од другите мажи, но тие се помалку атрактивни за понежниот пол.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...