Monday, 05 March 2012 19:30 Занимливости

Резултатите од една студија потврдуваат дека некои можат да станат „зависни“ од нездрава храна. Лекарите велат дека копнежот по сладоледот може да биде толку силен што потсетува на она што го чувствуваат зависниците од кокаин.


Десертот по ручек или за време на пауза на многумина им е секојдневие. Но, истражувачите изразиле загриженост кога резултатите од истражувањето им покажале дека копнежот на мозокот, на пример за сладолед, може да биде многу силен. Како кај оние кои редовно користат кокаин. Имено, тие кои често јадат сладолед имаат потреба од истиот се повеќе и повеќе за да почувствуваат уживање како првиот пат, пишува во студијата.

Докторката Кајл Бергер, од истражувачкиот институт Орегон, вели дека преголема конзумација на храна со голема масност и шеќер со тек на време го менува начинот на кој мозокот реагира на нив, намалувајќи го нивото на уживање. Па, личностите јадат се повеќе и повеќе нездрава храна за да почувствуваат уживање.



Истражувањето опфатило 150 тинејџери меѓу 14 и 16 години, а резултатите од истражувањето одат во прилог на теоријата и на претходните истражувања дека мозокот навистина може да „стане зависен“ од нездрава храна.

Ричард Адамсон, советник на Американското здружение за пијалоци, ја отфрлува теоријата дека слатките работи и газираните пијалоци предизвикуваат зависност како кокаин. „Никогаш не сум видел некој кој ограбува банка за да купи слатки или сладолед“, рекол Адамсон за Bloomberg.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...