Monday, 05 March 2012 16:23 Занимливости

Секој сака да остави добар прв впечаток на првиот состанок, но некогаш за остварувањето на таа желба треба малку повеќе да се потрудите. Затоа е корисно да се знае кои работи се толку многу одбивни, што ќе го натераат партнерот да побегне како мува без глава уште пред да го нарачате вториот пијалок.


1. Лош здив

Да разговарате со некој кој има лош здив е многу непријатно, но да се бакнувате со таква личност е неподносливо. Не е важно дали непријатниот здив е последица од оброк со лук пред излегување, расипан заб, сува уста или станува збор за некоја друга причина - преку тоа речиси никој нема да премине на првиот состанок.

2. Неуредност


Под ова не се мисли на разбушавена фризура каква што имаат Рајан Гослинг и Роберт Патинсон, туку подразбира жолти заби, дамки на кошулата, влакна кои ѕиркаат од носот, неуредни нокти, неизбричена брада... Секоја жена и маж сака партнер кој води сметка за себе и внимава на својот изглед.



3. Непристојност

Ништо не е помалку привлечно од тоа кога некој со кој сте на состанок е безобразен кон келнерот, возачот на такси и слично. Едно од главните правила на состанокот со некој нов е да се биде пристоен. Другата личност тоа веднаш ќе го забележи тоа и сигурно ќе биде привлечена уште повеќе.

4. Недораснатост


Да ѝ се отвори врата на девојката, да ѝ се придружи палтото, да се преземе иницијатива и да ѝ се плати пијачката, да се испрати до дома или да се слуша кога таа зборува се некои од основните правила на бонтонот. Ако мажот веќе ги нема совладано истите во текот на животот, верувајте тогаш дека никогаш нема ни да ги совлада. За ждригањето, копањето по носот и чешкањето меѓу нозете воопшто и да не зборуваме.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...