Wednesday, 29 February 2012 15:01 Занимливости

Малдивите се место на кое се собираат илјадници туристи од целиот свет, сакајќи да уживаат во навистина рајската природа, зачувана во неизменет вид од стотици години...

При тоа локалните жители сонуваат да ја напуштат својата татковина што е можно побрзо.

Која и да било туристичка брошура да ја отворите за Малдивите ќе го прочитате истото - неверојатни плажи, кристално проѕирни топли бранови, сини лагуни, раскошни корални гребени, егзотични морски животни, зелени палми... И никаде не се споменува фактот дека овие рајски острови се проколнато место за локалните жители.

Што е тоа што влева толку страв кај граѓаните на конфедерацијата од 1190 острови? Причината за маниката им е голема, а тоа е глобалното затоплување.

Климатските промени на планетата доведуваат до топење на глечерите и како последица на тоа доаѓа до зголемување на нивото на Светските океани. Живеејќи далеку од морските бранови, ние едноставно не го гледаме тоа и во студените зимски вечери, па можеме дури и да се потсмевнуваме на научниците. Но, на жителите на Малдивите тоа воопшто не им е смешно. Нивната татковина потонува пред нивните очи. Сега ниту еден од островите не се издигнува над нивото на океанот со повеќе од 2 метри. Малдивите се уште се означени на картата, но по две-три децении можат да бидат закопани засекогаш во солената вода.

Големината на националниот страв достигнал толкава димензија, што претседателот Мохамед Нашид кренал предлог да се формира фонд за купување на нови земји и преселување на локалните жители. Туристите не го немаат овој проблем, бидејќи секогаш можат да се качат на авион и да се вратат дома, во безбедната Германија, тивката Велика Британија или сончевата Италија.

Малдивците сепак треба да се спасуваат, додека е време. Колку повеќе пари добијат од истите туристи, толку повеќе земјиште ќе можат да купат од соседите Шри Ланка и Индија.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...