Friday, 24 February 2012 17:30 Занимливости

Депресијата е болест на денешницата. Без разлика дали станува збор за раскинување на врска, губење на работа или драга личност, црни и негативни мисли, безволност и тага се чувства кои се поврзуваат со депресијата и многу е тешко да се ослободи човек од нив. Ако сакате да и помогнете на драга личност која страда од депресија, дознајте кои 10 работи никогаш не смеете да ги кажете.


1. Секогаш ќе бидам покрај тебе...
Не смеете да кажете: Секогаш постои некој на кого му е многу полошо отколку на тебе.
Наместо тоа кажете: Сфати дека не си сам/а во тоа.

2. Ти си важен/на...
Не смеете да кажете: Никој никогаш не рекол дека животот е фер.
Наместо тоа кажете: Навистина ми значиш.

3. Дозволи да ти помогнам...
Не смеете да кажете: Престани да се самосожалуваш.
Наместо тоа кажете: Дојди да те прегрнам.

4. Депресијата е вистинска...
Не смеете да кажете: Па, добро, во депресија си, ќе ти помине.
Наместо тоа кажете: Немој да мислиш дека си полудел/а.

5. Има надеж...
Не смеете да кажете: Пробај малку да се расположиш, не биди во депресија.
Наместо тоа кажете: Не грижи се, се ќе биде во ред, затоа сум овде. После дождот секогаш доаѓа сонце.



6. Се обидувам да разберам
...
Не смеете да кажете: Верувај, знам како ти е. И јас бев во депресија неколку дена.
Наместо тоа кажете: Знам дека никој не може да те разбере како се чувствуваш, но се обидувам и знај дека ќе ти помогнам доколку можам.

7. Нема да ме истераш од себе...
Не смеете да кажете: Мислам дека твојата депресија не оддалечи.
Наместо тоа кажете: Нема да заминам и нема да те напуштам.

8. Ми значиш...
Не смеете да кажете: Зар не мислиш дека е доста тагување и плачење?
Наместо тоа кажете: Те сакам (ама само кажете го доколку навистина го мислите).

9. Ти го можеш тоа...
Не смеете да кажете: Многу добро знаеш кој е виновен за тоа.
Наместо тоа кажете: Откако сето ова ќе заврши, јас се уште ќе бидам овде, покрај тебе.

10. Ќе преживееме заедно...
Не смеете да кажете: Дали се обиде да се напиеш чај од камилица?
Наместо тоа кажете: Навистина ми е жал што се чувствуваш така, но знај дека јас не одам никаде. Не грижи, јас ќе се погрижам за себе, но и за тебе.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...