Wednesday, 22 February 2012 17:39 Занимливости

Мобилниот ви остана дома, а вас ве фати напад на паника? Сигурно страдате од номофобија.


Истражувањето спроведено на 1.000 испитаници покажало дека две третини, или 66% од испитаниците се плашат дека ќе го изгубат или заборават мобилниот. Таквиот страв се вика номофобија, а ја вклучува и нервозата која личноста ја чувствува и кога нема сигнал.

Очекувано, номофобијата од која боледува половина од популацијата е во пораст. Последните години е забележан пораст од 13%, пропорционално со зголемување на корисниците на паметни телефони.

Овој страв е пораширен кај жените; 70% од нив се плашат дека ќе останат без мобилен, додека мажите се на 60%, покажало истражувањето на SecurEnvoy кое го пренесува Mashable. Интересно, мажите биле во поголем број номофобични во 2008 година, додека денеска тој број е намален. Причината за тоа е што, за разлика од жените, посклони се да носат два мобилни со себе.

Номофобијата е позачестена кај помладата популација, дури 77% од младите се плашат да останат без мобилен. По нив се луѓето на возраст од 25 до 34 години, па корисниците кои имаат над 55 години. Неодамнешно истражување на Хелсиншкиот институт покажало дека луѓето ги проверуваат своите мобилни 34 пати на ден. Според тоа, на оној кој го оставил мобилниот дома нема да му треба долго да го сфати.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...