Saturday, 18 February 2012 17:59 Занимливости

Книгата во рацете - начитаните мажи се подобри љубовници, покажало едно истражување.


Девојките чии партнери слободното време го минуваат читајќи романи, приказни, поезија, се вистински среќнички - не само што покрај себе имаат образовен маж, туку и добар љубовник.

Истражувањето кое го спровела една британска издавачка куќа, покажало дека претставниците на „посилниот“ пол кои слободното време го поминуваат со книга се поромантични, имаат повеќе разбирање за жените, покреативни се и понежни се од оние кои никако „не се фаќаат“ за книгата.

Исто така, начитаните мажи се позрели, посериозни и поелоквентни.

Анкетата спроведена меѓу припадниците на посилниот пол покажала дека 49% од нив повеќе уживаат со партнери кои читаат често и со задоволство. Љубителите на пишаниот збор на проблемите им пристапуваат на порационален начин, велат испитаниците.



Од друга страна, оние кои не сакаат книги и ретко читаат, не ја ценат романтиката, не се трудат премногу да ги разберат своите партнерки, а нејзиниот физички изглед го ставаат пред карактерот и образованието.

Истражувањето исто така покажало дека на мажите кои читаат полесно им е да и пријдат на девојка која им се допаѓа, како и да ја освојат, со оглед на тоа што речникот им е побогат, а погледните - пошироки.

А дали е важно и што се чита?

Да - 44% од жените кажале дека мажите кои читаат само весници се помалку интересни со оглед на тоа дека искуството покажало дека не се за сериозна врска или брак.

Значи, не е доволно само да се избричеш, намирисаш и „средиш“, туку барем еднаш месечно треба да прочиташ нешто.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...