Thursday, 16 February 2012 09:39 Занимливости

Во кинескиот град Гуианг, 36 годишна жена родила девојче тешко седум килограми...


Госпоѓата Ванг била уверена дека ќе роди близнаци, меѓутоа на нејзино изненадување добила надпросечно девојче.

"Мислев дека носам близнаци, но неочекувано родив едно дете кое е тешко 7 килограми", рекла Ванг која своето девојче го родила на 11 февруари и и го дала името Саша.

Ова е нејзиното второ дете. Не мислела дека бебето ќе тежи дупло повеќе бидејќи таа и нејзиниот сопруг имаат просечна висина и тежина.

Изненадени останале и лекарите и медицинските сестри во болницата. "Ова е прв пат да видам толку тешко новороденче, а во болницата работам веќе 30 години. Нашите сестри се многу среќни", рекол докторот и додал дека малата Саша има добар апетит.

Новородените бебиња во просек тежат околу 3.5 килограми. Не е познато дали Саша е родена по природен пат или со царски рез.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...