Sunday, 12 February 2012 14:29 Занимливости

Кинеските научници го истражуваат случајот на петелот кој почнал да неси јајца.


Хуанг Ли (47) од Менгченг во централна Кина тврди дека минатата година на имотот имал еден петел и седум кокошки и дека „работите“ меѓу нив се одвивале нормално. Меѓутоа, за време на зимата, семејството поради слабата финансиска ситуација почнало да ги коле кокошките, и петелот на крајот останал сам.

Хуанг тврди дека едно утро под петелот пронашол јајце, и дека најпрво мислел дека некој го зафркава.

„Мислев дека некој сосед го ставил јајцето во неговото гнездо, за да се пошегува со мене. Но, следниот ден пронајдов уште едно јајце, па одлучив да истражам за што станува збор. Наредниот ден го набљудував петелот и со свои очи видов дека снесе јајце“, вели кинескиот селанец.

Локалната телевизија известувала за неговиот петел, па се заинтересирале и научниците кои сега петелот го подлежуваат на разни тестови.

„Се обидуваат да утврдат дали всушност се претворил во женка, кога сите кокошки ги снема, или цело време бил женка. Можам да ви кажам дека ако навистина цело време е кокошка, сите успеа да не измами, затоа што секое утро стануваше и кукуригаше, а да не зборувам за тоа што го правеше со кокошките“, рече Хуанг.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...