Friday, 03 February 2012 14:01 Занимливости

Пред две години на дното од Балтикот пронајден е објект сличен на летечки диск, а сега само 200 метри подалеку од тоа место пронајден е уште еден таков објект, кој неодоливо потсетува на летало со вонземско потекло...


Ловците на богатство, кои всушност на дното на Балтичко Море меѓу Шведска и Финска бараат викиншки и други стари бродови, почнале сериозно да размислуваат дека вонземјани навистина постојат. Пронајдени се два неидентификувани дискови само на 200 метри еден од друг, а мистеријата е тоа што никој не знае за што се работи.

"Слушнавме многу различни објаснувања, од тоа дека се работи за летало како Милениумскиот сокол на Џорџ Лукас, до тоа дека се работи за некаква дупка што води до внатрешниот свет, како да станува збор за некаков вид на пекол под дното на морето. Нема да знаеме се додека не се спуштиме долу", објаснил водачот на шведскиот истражувачки тим, Петер Линдберг.

Значи, прво истиот тим открил кружен објект со дијаметар од 60 метри на длабочина од отприлика 85 метри. Уште почудно е тоа што зад него на 300 метри имало други траги низ дното на морето, што укажува на тоа дека објектот, или се влече по дното или се работи за траги од пад.

CNN сега пренесува дека истиот тим пронашол уште еден таков објект, само на 200 метри од првиот. Тимот на Петер се подготвува да испрати специјална подморница на дното и да истражи за што се работи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...