Friday, 27 January 2012 09:41 Занимливости

Умереното конзумирање на црно чоколадо е добро за здравјето на срцето и крвните садови, но ако се јаде секој ден ризикот од кардиоваскуларни болести расте.



Жените кои јадат умерени количини црно чоколадо имаат помала веројатност за развој на срцеви болести од оние кои не јадат чоколадо, но претераното уживање во чоколадото го зголемува ризикот, покажаа најновите истражувања.

Научниците во текот на девет години набљудувале група од 31.823 швеѓанки, од среден и постар животен век, и откриле дека жените кои неделно во просек јаделе една до две порции висококвалитетно чоколадо имаат 32% помалку шанси за срцеви заболувања.

Во списанието Circulation: Heart Faliure се наведува дека жените кои јадат една до три „порции“ чоколадо месечно имаат 26% помал ризик, додека жените кои јадат чоколадо секој ден имаат поголем ризик за развој на срцеви болести.

Водичот на истражувањето, доктор Мареј Мителман вели дека секојдневната конзумација на црно чоколадо немала позитивно влијание на здравјето на жените веројатно затоа што со чоколадото во организмот вовеле и додатни калории.

„Не можете да занемарите дека чоколадото е прехрамбен производ богат со калории и дека нејзино секојдневно конзумирање ќе го зголеми ризикот за прекуумерено натрупување на килограми“, објасни Мителман.

Како што наведува порталот My Doctor, професионалците сметаат дека луѓето не треба да се одрекнат од храна која ја сакаат за да го заштитат срцето, туку дека „волшебната формула“ се наоѓа во умереноста.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...