Thursday, 26 January 2012 09:44 Занимливости

И татковците можат да имаат важна улога во доењето на бебето. Еве неколку начини како да и помогнат и на мајката и на бебето...

 

Доењето е тешка работа, затоа бидете внимателни и грижливи кон вашата поубава половина. Преземете врз себе некои од домашните работи, посебно оние тешките, помогнете и на жената кога можете. Кога мајката го дои бебето, донесете и перница или чаша вода. Понудите да го држите бебето кога ќе заврши со цицањето, додека не ждригне.

Милувањето, гушкањето, бањањето, читањето во фотелја додека бебето е само во пелени на вашите гради - сите тие се одлични градители на добри односи со детето. Тие на вас и на вашето малечко ќе ви дадат шанса да бидете поблиски, да се зближите на слични начини како што тоа го донесува физичката блискост за време на доењето.

Ако мајката го измолзи млекото, рачно или со помош на пумпичка, вие можете да му понудите шишенце на бебето и повремено да го преземате за време на хранењето. Најчестата причина што мајката прави залиха од своето млеко е бебето да може да го конзумира кога таа не е во близина. Тоа е многу важно ако се враќа на работа, а сака да продолжи со доењето.

Исто така, тоа значи дека не мора секогаш да биде во приправност за хранење, дури и ако е дома - посебно во текот на ноќта. Вие можете да го храните бебето со мајчино млеко од шишенце, што на мајката ќе и овозможи поголем непрекинат сон или мал одмор по бебето. Тоа што на себе ќе го преземете хранењето на бебето, помага меѓу вас и детето да се воспостави поблиска врска.

Пред во исхраната да употребите шишенце, почекајте доењето да биде добро воспоставено, како и бебето да биде барем три-четири недели старо. Важно е најпрво да му дадете шанса во целост да ја почувствува удобноста од доење со вистински гради. Бебето цица на сосема поинаков начин од дојка отколку од шишенце. Затоа, ако мајката планира истовремено да дои и да дава шишенце, почекајте додека доењето не се воспостави на вистински начин.

Немојте да го сфатите лично доколу вашето бебе во почетокот изгледа сосема незаинтересирано да го земе шишенцето од вас. Цуцлите што наликуваат на вештачки брадавици, кои изгледаат како вистински, можат да се набават во разни облици и големини. Можеби ќе морате малку да експериментирате пред вие и вашето бебе да откриете кој вид вашето бебе најмногу го сака.

Некои бебиња сакаат да се држат во позиција иста како при доењето, додека пијат млеко од шишенце. Испробувајте разни положби, а за цело време држете контакт со очите. Дадете му на бебето шанса да се навикне на ново искуство. Ако се противи, можеби ќе помогне доколку ја згреете цуцлата со топла вода.

Бидете трпеливи ако вашата партнерка изгледа помалку заинтересирана за секс отколу порано, пред да стигне бебето. Можно е да се чувствува исцрпено. Покрај тоа, жените поради доењето имаат пониска количина на естроген, што неретко доведува до помала вагинална влажност. Тоа може да предизвика многу непријатен и болен однос.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...