Monday, 23 January 2012 11:45 Занимливости

Во Јакутск животот како да запрел, луѓето само се движат од едно топло место на друго, живеејќи во исклучително сурови услови...


Но, жителите на градот се навикнати на студот. Тие ги издржуваат студените осуммесечни зими во арктичкиот круг, кога температурите паѓаат дури и до минус 64 степени. За луѓето тоа таму е нешто нормално, сепак се во Сибир.



Со население од 200 илјади лица, Јакутск се наоѓа во руската република Јакутија и е познат како најстудениот град во светот. Во 19-тиот век градот расцветал по откривањето на злато и вредни минерали, вклучувајќи ги и дијамантите под замрзнатата земја. 20% од светското производство на дијаманти доаѓа токму од тука.



Врската на градот со останатиот свет се аеродромот и реката Лена, по која во летните месеци минуваат траекти. Во зима, кога реката е замрзната, затворениците помагаат за претворање и во автопат, кој е главниот начин за транспорт.



Зајаците, лисиците и северните елени се одгледуваат поради нивната кожа, од кои се произведуваат палта, капи, чевли и друга облека. Но се разбира најважниот лек за студот во Јакутск останува вотката.

Сигурно не е лесно да живееш во Јакутск, но луѓето таму се упорни и иако се премрзнати, тие се горди жители на најстудениот град во светот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...