Monday, 13 July 2009 04:53 Занимливости
Необични места во кои би посакале да се почастите со еден пијалок...

 

1. Red Sea Star Bar - првиот подводен бар, ресторант и опсерваторија

Сместен 6 метра по водите на Црвеното Море, Red Sea Star Bar е првиот подводен бар, ресторнат и опсерваторија во светот. Неговиот ентериер е уникатен со мотиви од морските длабочини. Во него можат да се сместат 105 луѓе и е отворен секој ден.

2.  Skeleton Bar - декориран со скелети

Би се кладиле дека доколку би го посетиле овој бар би имале чувство како да е изграден од вонземјани. Дизјаниран е од Hans Rudi Giger (HR Giger) кој работи како дизајнер во филмовите за вонземјани и има добиено многу вредни признанија, вклучувајќи и Оскар за најдобри специјални ефекти. Во секој случај, барот е многу оригинален и освежувачки.

3. Hobbit House Bar - бар во кој служат само џуџиња

Hobbit House Bar е светски познат бар кој се наоѓа во Manila, Филипини. Базиран на триологијата на J.R Tolkien, сите келнери во барот се џуџиња. Од надворешната врата до касата за наплата ќе бидете придружувани од пријателски и шармантни џуџиња кои секогаш се насмевнати. Во барот можете да се послужите со 100 различни видови на пиво.

4. Chillout - целосно направен од мраз

Chillout е првиот Средноисточен бар кој е целосно направен од мраз. Посетителите седат на фотелји и сепареа од мраз, јадат од чинии изработени од мраз. Влезницата чини само 17$ со кои ќе добиете ракавици и изолирани чевли.

5. Casa Pocho - бар во кој морат да го навредите барменот за да добиете пијалок

Casa Pocho се наоѓа во Шпанија во градчето Cullera кое е близу до Valencia и доколку го посетите можете да добиете пијалок бесплатно само ако го навредите барменот со оригинална навреда.

6.  Clinic Bar - бар со болнички мотиви

Овој ноќен клуб е дизајниран од архитектот Damien Hirst и е лоциран во Clarke Quay во Singapore. Собите се направени во форма на пилули, а содржи и многу други болнички мотиви.

7.  Zetors Bar - декориран со трактори

Лоциран е во Хелсинки, Финска и го носи името на најпознатиот чешки бренд на трактори кој бил популарен за време на Студената Војна. Сопственикот на барот, Aki Kaurismaki го декорирал со трактори на кои можете да седите и да уживате во своето пиво исто како дома.

8. Eternity Bar - бар во форма на кофчег

Се чувствувате тажно? Зошто да не ја удавите својата тага во гигантскиот кофчег бар во Truskavts, Украина.

9. DM Bar - вечно приврзан за Depeche Mode

Приврзување на бар за својот омилен бенд може да биде супер идеја за популарниот уметник. Исто како барот U2 во Даблин, или оној во калифорнијa за Red Hot Chili Peppers. Овој бар наклонет кон Depeche Mode се наоѓа во Естонија и таму можете да слушнете песни само од Depeche Mode.

10. June Barugh's bar - бар во сопствената гаража

Тешко дека е гламурозен бар, но полицијата обвинила средовечна жена за отварање на бар во сопствената гаража. Барот има ценовник за алкохолни пијалоци, џубокс, но жената демантира дека продавала алкохол.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...