Saturday, 11 July 2009 02:02 Занимливости
Татко на 90 години, мајка на 70 години....и што ли уште не...

Сте се запрашале ли некогаш кој е најстариот јога-инструктор во светот или пак најстарата мачка....за да го дознаете одговорот...


1. Најстариот јога-инструктор во светот

Можеби јога-инструкторката Bette Calman има 83 години, но сеуште може да ги вкуси плодовите од индиската дисциплина, наречена јога. Таа сеуште може да се витка без проблеми и изгледа прекрасно. Австралиското чудо од баба со своите 40 години подучување за јога е жив доказ дека јогата ќе ве одржи во вистинска форма, па дури и на 83 години ќе бидете флексибилни и свитливи како гума.

2. Најстарата мајка во светот

Запознајте ја Rajo Devi Lohan, жена од Индија, која во Ноември 2008 година на свет го донесе своето прво дете, кога таа имала 70 години. „Го чекав ова дете повеќе од 40 години и планирам да ја пораснам со доење мојата ќерка“-изјавила среќната мајка, на која среќата ја посетила со „мало“ закаснување.

3. Најстариот татко на светот

Најстариот татко во светот го добил своето 21 дете на 90 години. Фармерот Nanu Ram Jogi од Индија кој се оженил по четврти пат, планира да продолжи со продуцирање на деца се додека не наполни 100 години. Сега засега има 12 сина, 9 ќерки и 20 внуци.

4. Најстарата мачка во светот

Според Гинисовата Книга на Рекорди најстарата мачка во светот е Spike од Британија кој има 29 години, а според човечки мерења е стара 140 години. Неговата сопственичка го хранела со риба и храна за мачки и со алое вера што му помогнало да го избегне артритисот и реумата.

5. Најстариот супер модел во светот

Во годините опседнати со младост и убавина, Daphine Selfe е потсетник дека овие две нешта не се нераскинливо поврзани. Таа има 80 години, а зад неа има 60-годишна кариера како супер модел.

6. Најстарото шише шампањско

Овие шишиња полни со шапањско се стари 184 години и влегле во Книгата на Гинисови Рекорди. Критичарите дале позитивни критики и уживале во вкусот на времето.

7. Светски најстар бренд

Lyle's Golden Syrup е именуван како најстар брен во зелено-златна амбалажа уште од 1885 година. Брендот е стар 124 години.

8. Најстарата скулптура во светот

Научниците го откриле најстарото парче од некогашна скулптура која е стара 35.000 години. На скулптурата е прикажана женска фигура со енормни гради и сексуални карактеристики што претставува симбол на плодноста.

9. Најстарата микробранова печка во светот која сеуште работи

Frederick Stephens бил меѓу првите британци кои купиле микробранова печка, која и по 150.000 подготвени оброци, сеуште работи. Тогаш Frederick платил 300 долари кои дене би вределе околу 3.900 долари за  кафеавата Panasonic NE-691 микробранова печка и ја користи повеќе од 40 години.

10. Најстарата флејта во светот

Според археолозите, модерните луѓе во Европа пред многу години изградиле комплексна и креативна култура. Тоа е докажано со пронаоѓањето на 8.6 инчи долгата флејта која има 5 дупки и зашилен крај и е стара 35.000 години.

11. Најстарите соединети близнаци во светот

Кога Maureen Gaylon се породила во 1951 година не ни очекувала дека на свет ќе донесе две соединети близначиња. Докторите не очекувале близнаците да преживеат и работеле на случајот да ги одвојат. Но денес Ronnie и Donnie имаат по 57 години и сеуште живеат во Dayton, Ohio.
 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...