Wednesday, 28 December 2011 12:02 Занимливости

Зошто ни се допаѓа музиката? Ова е прашањето кое го постави италијанската новинарка Силвија Бенчивели додека слушала детски хор, како пеат божиќни песни. Во својата книга таа се обидува да одговори на прашањето...


Таа бара објаснување надвор од нашиот вид, се потсетува на хармоничните песни на многу птици, пишува дека мајмуните разликуваат октави. Други експерименти покажуваат дека Вивалди ги смирува животните, додека на пример металската музика ги разлудува.

Во поглед на музиката, Бенчивели потсетува дека според Дарвин, нашите предци ја користеле музиката за додворување на жените, но тоа не е потврдено. Некои истражувачи велат дека музиката ни се допаѓа уште од раѓањето кога нашите мајки ни пееле за да не смират.

До ден денес најстариот доказ за музикалност е изработен од коскена флејта, пронајдена во планините на Швабија, стара 37.000 години. Во овој период неандерталците живееле во Европа со претставниците на хомо сапиенс. Но, за да се направи музика, не се потребни алатки, туку чукањето со дланките, тропањето со нозе, или тропањето со две прачки можат да создадат ритам кој ќе биде запаметен.



Со други зборови, потеклото на музиката може да е многу античко. Фактот дека некој ритам е привлечен може да му претходи и на говорот. Или, како што смета Дарвин, да го олесни половиот избор, или пак можеби социјалната кохезија во групите. Науката докажала исто така, дека нотите се носители на емоциите, а тоа се повторува во сите култури и во различни форми.

На крај Бенчивели признава, дека причината поради која музиката ни доставува одредено задоволство, се уште е мистерија која треба да биде откриена.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...