ВИЦ
Слетал орел на врвот на една висока планина. Кога таму, има што да види, полжав. Му се обратил: ТОП ВИДЕО |
Friday, 03 July 2009 17:32
Занимливости
По златните и чоколадните, на ред се нештата покриени со дијаманти...
1. Дијамантски iPod
Овој 20.000 долари вреден позлатен и прекриен со дијаманти, плеер ја зголемува луксузноста и лудилото. Овој iPod може да собере 240 песни, доколку ги поделите 20.000 долари по песна, излегува дека плаќате 84 долари за една песна.
Светските Гинисови рекорди му доделија сертификат на телефонот GoldVish за најскап телефон во светот кој вреди околу 1.3 милиони евра. Направен е од 18-каратно злато и 120 скапоцени камења.
Овие заслепувачки боксерски ракавици вредат околу 20.000 американски долари и се прекриени со бели и црни дијаманти, а содржат и 70-80 грама бело злато. Овие ракавици можат да се најдат и во други бои.
Насловено како „For the Love of God“ ова дело на Damien Hirst е направено од дијаманти, човечки заби и череп обложен со платина кој припаѓал на 35-годишен маж од Европа во 1700 година, кој бил монах. Дијамантскиот череп вреди околу 101 милион долари, а на Damien Hirst за изработка го чинело само 20 милиони долари.
Најскапата автомобил-играчка во светот беше произведена во 2008 година и чини 72.000 фунти. Минијатурниот мотор е направен од 18-каратно бело злато и прекриено со повеќе од 2.700 сини дијаманти. Останатиот дел од играчката е прекриен со бели и црни дијаманти.
Соединувањето на техологијата и дизајнот даваат префинетост како што е најскапиот LCD телевизор кој наместо во инчи се мери во карати, затоа што содржи 160 вистински дијаманти.
DEOS дијамантската колекција на слушалки е направена од титаниум и покриена со обоени дијаманти. Секое парче се купува посебно и со различна цена. Цената на парчињата од колекцијата се движи од 3.500 до 80.000 американски долари. Достапни се со жолти, розеви, коњак, црни и бели дијманти.
Овој луксузен шаховски сет е дел од колекцијата на Charles Hollander кое е едно од најпочитуваните имиња во дијамантската индустрија. Неговата вредност се проценува на повеќе од 5 милиони фунти. Овој шаховски сет е уникатен и единствен во светот. Направен е од злато и платина и содржи дијаманти, смарагди, рубини, бисери и сафири. Само кралот тежи 165.2 грама и е направен од 18-каратно жолто злато, 73 рубини и 146 дијаманти.
Оддалеку се чини дека овој Мерцедес од SL класата е покриен со светки, но кога ќе се приближите ќе утврдите дека станува збор за дијаманти.
„Pat Says Now“ е шведска фабрика за компјутерски глувчиња кои го комбинираат квалитетот со иновативни идеи и креативен дизајн. Компанијата го лансирала најскапото компјутерско глувче, направено од 18-каратно злато и 59 дијаманти. Ќе ве чини „скромни“ 12.400 фунти.
Оваа платинеста ташна е покриена со 2.182 дијаманти, а нејзината цена е околу 1.63 милиони долари. Кој е дизајнерот? Ginza Tanaka, јапонска изработувачка на накит. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






























