ВИЦ
Си биле пајак и слон. Слонот: - Кај си бе пајаку? Пајакот: - Не те слушам немам мрежа. ТОП ВИДЕО |
Saturday, 27 June 2009 02:16
Занимливости
Десет замрзнати ремек-дела на Природата...
Не можеме да прогласиме подобар уметник од Природата, која може да даде толку многу ремек - дела со совршени пропорции од кои може да ни застане здивот...
Овој редок феномен најчесто може да се види во екстремно студените земји. Научниците прифатиле дека генерално круговите се формираат кога површината од мразот повеќе се собира во центарот на телото на водата отколку на краевите. Река која бавно тече за момент може да создаде бавен вител кој ротирајќи ќе создаде диск од мраз. Круговите од мраз можат да имаат дијаметар и до 500 стапки.
Овие чудесни ледени крампони можат да се најдат во планинските глечери со различна големина. Чиле е дом на многу ледени формации, па и на овие шилци.
На Арктикот можете да видите секакви ледени форми со различни геометриски контури. Островот Ellesmere е познат по своите ледени рафтови кои почнаа да исчезнуваат со огромна брзина поради климатските промени и глобалното затоплување. Научниците предвидуваат дека овој еко-систем за брзо време ќе биде целосно изгубен.
Ледените цветови се формираат на нов слој на морскиот мраз од заситената водена пареа која доаѓа од под мразот. Во допир со ладниот воздух, пареата почнува да замрзнува, а солта на површината на ледот почнува да кристализира, добивајќи прекрасни форми. Едно од најубавите замрзнати чуда на планетата Земја, замрзнатите цветови, сеуште се мистерија за луѓето.
Ледените брегови во зоната на Антарктикот понекогаш добиваат пруги кои се формираат поради слоевите на снег кој реагира на различни услови. Сините пруги најчесто се формираат кога пукнатините во ледената површина се полнат со вода и се смрзнуваат толку брзо што нема балонски форми во замрзнатата вода. Доколку водата содржи алги, се ствараат зелени пруги. Кфеавите, жолтите и црните пруги се создаваат поради постоењето на седименти од дното на морето.
Иако изгледа дека е замрзнат приливен бран, сепак не е вистина. Овој „замрзнат приливен бран“ се формира поради движење на глечерите. Навистина добро! |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|























