Tuesday, 01 November 2011 11:57 Занимливости

Една баба од Британија не можела да купи виски во една продавница во Есекс затоа што немала документ со себе да потврди дека има повеќе од 18 години...


Дајан Тејлор (92) влегла во продавница за да купи шише виски за својот син, но продавачката одбила да ја услужи во отсуство на документ со фотографија.

„Делуваше смешно, прво помислив дека продавачката ми дава комплимент, но набрзо сфатив дека не се шегува. Извадив пропусница за автобус и крводарителска книшка, но залудно“, рече старицата која има дури и правнуци.

Претставник на продавницата и се извинил на Дајан за овој инцидент, но напоменал дека персоналот не смее да продава алкохол на муштерии кои не покажуваат личен документ на увид.

Ова не е прв случај во оваа продавница да одбијат да продадат алкохол на личности кои при себе немаат лични документи, иако очигледно се доволно стари за легално да купат што сакаат.

Исто така поминал и 67 годишниот Крис Пејџ минатата година, кога не можел да купи шише алкохолен пијалок.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...