Monday, 31 October 2011 10:41 Занимливости

Oд утрово на Земјата има 7 милијарди луѓе, изјавија од Обединетите Нации кои бебето Даница Деј Камачо, која се родила во Манила на Филипините, ја прогласија за 7 милијардитиот жител на Земјата...


Бебето се родило неколку минути пред полноќ, а среќните родители 2.5 килограми тешкото бебе го добиле и со уверение дека се работи за 7 милијардитиот жител.  Според предвидувањата на ОН, светската популација за 40 години би можела да достигне бројка од 9 милијарди жители.

Како што пишува USA Today, овој историски настан всушност ја отвори повторно старата расправа за контрола на раѓањето, заштита на природните ресурси и потребата за намалување на трошоците. Се истакнува дека само во последните 40 години бројот на населението двојно е зголемен, а станува збор за најбрз раст на жители во историјата.



Но, многумина на 7 милијардитиот жител гледаат и од економска страна, па така Роберт Ланг, социолог од универзитетот во Невада, Лас Вегас, истакнува дека 1999 година, кога бевме 6 милијарди, економијата била во "hyperdrive", додека денес таа е во рецесија, што е причина за песимизам.

"Рецесијата и депресијата имаат тенденција за намалување на бројот на жители особено во развиените нации", пишува во извештајот на USA Today.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...