Monday, 31 October 2011 08:10 Занимливости

Кога ќе се спомне Ноќта на вештерките, веројатно првите нешта што ви паѓаат на памет се црни мачки, тикви, летачки метли, па можеби и хорор филмот со Џејми Ли Кертис во главната улога. Меѓутоа, за вистинските вештерки, тоа е најважниот празник во годината...


Ноќта на вештерите (Halloween) е сложенка од зборовите All Hallows Eve (Ноќта на сите свети), а уште е познат под името Samhain. Овој празник се прославува на 31 октомври, а популарната верзија на истиот вклучува маскирање, забави со костими, правење на фенери од тиква, посетување на опседнати објекти, правење замки, раскажување на страшни приказни, гледање хорор филмови и одење од куќа на куќа и собирање слатки работи.

Меѓутоа, за вистинските вештерки и вештери, Ноќта на вештерките е најважниот празник во годината, нешто како што за христијаните е Велигден. Тие исто така Ноќта на вештерките ја прославуваат вечерта на 31 октомври спрема 1 ноември, Денот на сите свети.



Вештерките во нивната религија, Вика, имаат осум главни сабати (празници) во кои празнуваат и ја слават Мајката Божица и Рогатиот Бог во различни аспекти на нивните личности.

На Ноќта на вештерките, велот што го одделува светот на живите од светот на мртвите е најтенок, а Божицата се почитува во нејзиниот аспект на старица, додека Рогатиот Бог е почитуван како Господар на Смртта. Ноќта на вештерките претставува надминување на физичката смртност.



Во САД осумте вештерски сабати се прогласени за официјални празници на вештерките, па тие на тие денови добиваат слободни денови од работа, а ако се во затвор поради некое лесно дело, ги пуштаат за да можат достоинствено да ги прослават.

Ноќта на вештерките уште од дамнешни времиња бил најважниот и најголемиот празник на вештерките, но со модерната глобализација истиот добива се позабавен карактер и сосема поинакво значење во очите на светот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...