Wednesday, 26 October 2011 15:47 Занимливости

Светското население во секој момент ќе надмине 7 милијарди луѓе, а до крајот на векот на Земјата ќе живеат најмалку 10 милијарди, соопшти OОН во извештајот за населението на планетата...


Еве и неколку љубопитни факти за растот на светското население.

- Пред околу 2000 години населението на Земјата било околу 300 милиони луѓе. Во 1800, пак, достигнало една милијарда. Бариерата од две милијарди луѓе била надмината во 1927, а точно 32 години подоцна на нашата планета веќе имало 3 милијарди жители. Во 1974 човештвото го пречека и четиримилијардитиот жител, а во 1987 петмилијардитот. Потоа светското население започна да расте со уште побрзо темпо и достигна шест милијарди луѓе во 1999.

- Во 2050 на Земјата ќе има околу 9,3 милијарди лица, а во 2011 - над 10 милијарди. Ако наталитетот денес се зголеми малку, по четири години на планетата ќе има 10,6 милијарди, а до крајот на векот - над 15 милијарди луѓе.

- Секоја година населението во светот расте со околу 80 милиони луѓе или една Германија, Етиопија или Виетнам. Луѓето под 25 години денес претставуваат околу 43% од светското население.

- Главната причина за демографската експлозија во последните децении е порастот на наталитетот во 50-те и 60-те.

- Просечната должина на животот во почетокот на 50-те се зголеми од 48 години на 68 во првите години од новиот милениум. Смртноста на децата, пак, опадна за околу две третини.

- Контрацепција, просперитетот и промената на културните ставови, исто така, придонесоа за падот на наталитетот од 6 деца на жена на 2,5 деца во последните шест децении. Во напредните земји просечниот наталитет денес е околу 1,7 деца на жена, а во заостанатите - околу 4,2. Во Супсахарска Африка просекот достигнува дури до 4,8 деца на жена.

- Населението на Азија денес е 4,2 милијарди луѓе. Се очекува да достигне 5,2 милијарди до 2052, а потоа малку ќе опадне. Највисок раст има Африка, чие население надмина милијарда во 2009, а до 2044 ќе биде над 2 милијарди луѓе.

- Најнаселена држава во светот останува Кина, каде живеат 1,35 милијарди луѓе. На позицијата подолу се наоѓа Индија со 1,24 милијарди. Во 2025 Индија ќе биде населена од 1.46 милијарди луѓе и ќе биде на првото место. Во 2050 населението на Кина ќе се намали до 1,3 милијарди, додека населението на Индија ќе надмине 1,7 милијарди до 2060.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...