Friday, 21 October 2011 07:51 Занимливости

Врвките се направени од чисто злато и чинат нешто помалку од 14.000 евра, а во пакет со нив „доаѓа“ и некој кој ќе ги врзе наместо вас...


Таман кога помислите дека најбесмислени работи на светот се, на пример, градник од дијаманти или колач со златен прав што се јаде, и дека ништо повеќе не може да ве изненади, се наоѓа некој кој ќе ве разувери... Новиот првак во таа категорија е Колин Харт, чија компанија прави врвки од дваесет и четири краратно злато.

Луксузните врвки се прават со помош на „уметничките техники на древните златари“, а чинат точно 13.781 евро.



За обувки кои се доволно „фенси“ за со нив да одат толку драгоцени врвки, купувачите мораат сами да се погрижат, но кога ќе се одлучат за пар со кој врвките совршено се согласуваат, нема да мораат да се наведнат за да ги врзат. Со врвките, имено, доаѓа и личност која тоа ќе го направи наместо гордиот сопственик.

За тие кои не можат баш толку да одделат за врвки, а сепак сакаат да бидат во тек со модата, во понудата има и сребрена варијанта од 2.176 евра. Нив, до душа, сопственикот мора да ги врзе сам.



Врвките ги произведува комапнијата Mr Kennedy, која името го добила по човекот кој ги измислил врвките што денес ги користиме, а сопственикот, Колин Харт вели дека идејата да прави врвки од благородни метали ја добил кога во Колумбија видел локални занаетчии како плетат гривни.

„Се прашував како ги прават и колку се издржливи, а тогаш ми светна дека на ист начин би можеле да се прават и врвки. Кога првиот пар беше готов, се воодушевив - изгледаа прекрасно, а беа и прилично згодни за користење“, рече Харт.

Врвките, се разбира, ќе бидат направени во ограничен број: само десет парови златни и триесет парови сребрени. Еден златен пар веќе е продаден.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...