Wednesday, 19 October 2011 07:27 Занимливости

Нова студија покажала дека дури и бебињата се способни да ја воочат разликата меѓу правилно и погрешно. Децата кои имаат поголем степен на разбирање на разликите меѓу фер и нефер однесување често ги делат своите играчки со другите...


Научниците од универзитетот во Вашингтон спровеле истражување за да утврдат кога кај децата се развива свеста за праведност, а резултатите покажале дека бебињата многу рано можат да ја воочат разликата меѓу еднакво и нееднакво распределена храна, на пример.

Исто така, се покажало дека бебињата кои имаат поразвиено чувство за праведност почесто се подготвени омилената играчка да ја делат со другите.

„Резултатите до кои што дојдовме покажаа дека алтруизмот и моралните норми се развиваат многу порано отколку што мислевме“, вели д-р Џесика Сомервил, професор по психологија на универзитетот во Вашингтон.

За време на истражувањето на петнаесетмесечни бебиња им се покажувани две кратки видео снимки. Првата снимка покажувала две личности кои рамномерно делат чинија крекери, а потоа крекерите пак ги делат, така што едниот учесник добива повеќе. Втората снимка покажувала двајца луѓе како на опишаниот начин делат бокал млеко.



За време на експериментот, се покажало дека бебињата подолго и со поголемо внимание ја гледаат снимката кога храната се дели така што едната личност добива повеќе од другата.

„Бебињата очекуваат храната да биде рамномерно поделена, така што нерамномерната поделба ги изненадува, па со повеќе внимание ја гледаат снимката во која едната личност добива повеќе крекери или млеко“, вели д-р Сомервил.

„Бебињата идејата за праведно и неправедно ја усвојуваат гледајќи како луѓето се однесуваат едни кон други“, додаде таа.

Во вториот дел од истражувањето научниците проверувале колку бебињата се расположени да ја делат омилената играчка со непозната личност.

Се покажало дека бебињата кои повеќе се изненадиле од нерамномерната поделба на храната почесто се согласувале саканата играчка да ја делат со другите.

„Резултатите покажуваат дека веќе на толку рана возраст, постојат и индивидуални разлики во односот кон луѓето, како и во тоа колку децата ќе бидат отворени кон другите“, вели д-р Сомервил.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...