Friday, 14 October 2011 08:06 Занимливости

На мажи со различни сексуални проблеми, кои им пречат во остварувањето на нормална врска им помагаат психотерапевти кои - спијат со нив...


Во Велика Британија, но и ширум Европа, работат психотерапевти кои се „сексуален надоместок“ за пациентите. А за тоа наплаќаат ненормални суми. Пакет од девет терапии чини повеќе од 250.000 македонски денари! Пациентите ги има од сите возрасти, а најчесто ги мачи ерективна дисфункција или предвремена ејакулација.

Помош бараат сите - адвокати, обични работници или студенти. Оженети или неоженети. На терапијата, пишува на страницата International Professional Surrogates Association, се работи на опуштање, ефективна комуникација со пациентот, сензуално и сексуално допирање и подобрување на социјалните вештини. Понекогаш сето тоа завршува со вистински сексуален однос. Терапијата помага, пишува на страницата, така што пациентите се поопуштени, се чувствуваат поудобно и психички и физички.

„Ваквата терапија не ги решава основните емоционални потешкотии. Сексуалната замена може да ве научи на сексуалност, но не и како да сакате или како да ја задржите саканата личност“, рече доктор Мајкл Ментел за Daily Mail.

Терапијата потекнува уште од 50-тите години. Вилијам Мастерс и Вирџинија Џонсон 11 години работеле на студија која опфаќала 510 венчани парови, 54 самци и 3 девојки без партнери. Избрале 54 жени кои доброволно учествувале во истражувањето како привремени сексуални замени. На крајот развиле двонеделна програма за која тврдат дека е 80% ефикасна.

„За пациентите ваквата терапија може да биде зезната затоа што тие емотивно се поврзуваат со терапевтката што може да го отежни наоѓањето на вистинска партнерка“, предупредува доктор Ментел.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...