Wednesday, 12 October 2011 08:02 Занимливости

Професорот Марк Мекменамин тврди дека Кракенот, легендарното морско чудовиште кое можело да го потоне секој брод и да проголта кит навистина постоел...


Професор Мекменамим, палеонтолог на факултетот Маунт Холјок во Масечусетс тврди дека открил трагови на остатоците од морските суштества кои би можеле да докажат дека причина за нивната смрт е древен октопод со големина на автобус.

Палеонтологот тврди дека доказ за постоењето на Кракенот се и повредите на големиот морски рептил ихтиозавар. Тие повреди, вели, докажуваат дека рептилот бил убиен од суштество како Кракенот.

Оваа теорија прв пат е објавена откако научниците ги прегледале остатоците од девет ихтиозавари пронајдени во Невада. Се претпоставувало дека тие суштества умреле поради цветање на отровен планктон во плитката вода.

„Сфатив дека секој пат кога ќе се јави некоја полемика околу длабочината, во прашање е нешто интересно“, вели професорот Мекменамин.

Додаде дека не само што трагите на коските укажуваат на тоа дека ихтиозаварите не умреле сите во исто време, туку и тоа што разместувањето на коските сугерира дека суштество како октопод или ги удавило или им ги скршило вратовите.

„Стана јасно дека нешто чудно се случило таму. Тоа беше многу чудна конфигурација на коските. Освен тоа, одвлечени се од местото на кое се убиени“, вели професорот и додава дека мисли дека биле одвлечени во кошарата на Кракенот.

Непостоењето на фосил од Кракенот професорот го објаснува со тоа што октоподите немаат коски, но скептиците во тоа не веруваат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...