Saturday, 01 October 2011 09:58 Занимливости

На сајт за аукција се појавиле фотографии кои „докажуваат“ дека актерите живееле пред повеќе од сто години...


На сајтот eBay понудени се фотографии од актерите Џон Траволта и Николас Кејџ, а сопствениците се колнат дека тоа се докази дека двајцата актери се вампири, или други натприродни суштества кои живеат стотина години.

„Оваа фотографија настанала околу 1860 година и не е дигитално преработувана ниту менувана на било кој начин. Поседувам единствен доказ дека Џон Траволта пред 150 години бил младич и дека благодарение на науката ужива по кој знае кој ред во реинкарнација“, наведува сопственикот.

Тој единствен доказ дека Траволта е натприродно суштество се продава со почетна цена од 50.000 долари, со гратис подарок пакување и транспорт. Сликата на која наводно е Кејџ датира од 1870 година, а чини цел милион долари, затоа што докажува дека Кејџ е вампир, тврди Џек Морд кој ја понудил на аукција.



„Одговорно тврдам дека овој човек се храни со крв и дека за неколку децении актерот Кејџ ќе ‘умре’, Холивуд ќе го жали, а истото тоа суштество ќе почне нов живот на некоја далечна дестинација“, се наведува во описот.

Дали на овие двајца авантуристички интернет корисници не им паднало на памет дека можеби во 19 век живееле луѓе кои само потсетуваат на актерите, или по системот „овци за стрижење“ чекаат некој навистина да им исплати неверојатни суми за „доказ“ дека Кејџ и Траволта се бесмртни, не е познато. Се надеваме дека во прашање е ова второто.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...