Thursday, 29 September 2011 11:23 Занимливости

Во добрите хотели најдобрите соби обично се на повисоките катови за гостите да можат да уживаат во погледот, но во хотелот Sala Silvermine во Шведска гостите одат - под земја...


Еден од најчудните хотели на светот, Sala Silvermine се наоѓа во Шведска, во стар рудник за сребро. До собите кои се наоѓаат околу 155 метри под земјата се доаѓа по неколкусекундно возење со лифт, а преноќувањето во апартманот во „срцето на Земјата“ чини 440 евра.

За тие пари, гостите можат да уживаат во минималистички ентериер, шампањско, сребрен прибор и тотален мир, затоа што мобилните телефони овде немаат мрежа, а комуникацијата со „надворешниот свет“ е можна само преку интерком.



За време на резервацијата, гостите се предупредуваат да понесат топла облека, затоа што температурата може да се спушти и на два степени, иако во хотелот велат дека собите се во некој вид на „топлотен џеб“, па во нив температурата обично е пријатни 18 степени.



„Нашиот хотел веројатно е еден од најнеобичните на светот, а собите се осветлени со големи лустери и свеќи, па поради траговите од метал во ѕидовите се има необичен сребрен отсјај“, вели Софи Андерсон, маркетинг директор на хотелот Sala Silvermine, додавајќи дека имаат многу гости, па ноќевањата преку викендот се разервираат неколку месеци однапред.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...