ВИЦ

Лимон и клун

Внукот ја прашува бабата:
- "Бабо, има ли лимонот клун?"
- "Што рече синко?"
- "Те прашувам, дали лимонот има клун?"
- "Па нема синко, секако дека нема!"
- "Ех, бабо, бабо, пак си го исцедила канаринецот!"

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Friday, 23 September 2011 12:55 Занимливости

Бројот на дебели луѓе го надмина бројот на гладни на глобално ниво, но маките на изгладнетите се сè поголеми поради кризата која ја предизвикува недостатокот на храна, предупредено е од Меѓународната организација Црвен Крст...


Хуманитарната групација со седиште во Женева се фокусираше на својот годишен извештај за светските катастрофи, на исхраната. Извештајот е објавен во Њу Делхи, а нагласува нееднаквост меѓу богатите и сиромашните, како и проблемите кои ги предизвикало неодамнешното покачување на цените.

Во рамка на статистичките податоци кои укажуваат на нееднаквата распределеност на храна, Црвен Крст истакна дека минатата година ширум светот 1.5 милијарди луѓе страдале од дебелост, додека 925 милиони луѓе биле изгладнети.

„Доколку слободното делување на пазарните сили довело до тоа 15% од човештвото да биде гладно, а 20% да биде прејадено, тогаш некаде нешто тргнало наопаку“, изјави генералниот секретар на Црвен Крст, Бекеле Галета.



Директорот на тие организации за Азија и Пацификот, Јаган Чапагејн, таквата ситуација ја нарече „скандал со две острици“ на конференцијата за печат во индијската престолнина, додавајќи дека „претерувањето со храната сега зема повеќе жртви отколку гладта“.

Тој нагласи дека проблем со гладта не постои поради глобалниот недостаток на храна, туку поради лошата распределност, расипувањето и високите цени кои храната ја прават недостапна.

Цените на храната пораснаа во текот на 2011 година ширум светот, изразувајќи ставување дека би можела да се повтори кризата од 2008 година, која доведе до неред и политичка нестабилност во многу земји.

„Новото растрње на цените на храната ги турка многу од најсиромашните луѓе на светот во уште поголема немаштија и предизвикува сериозна глад и изгладнетост“, соопштено е од Црвен Крст.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...