Thursday, 15 September 2011 08:13 Занимливости

Дилемата на 21 век: сакате вашите пријатели на фејсбук да ги видат сликите од супер журката на која сте биле, но не сакате да ги види вашата баба (која сте ја додале меѓу пријателите во момент на поматена свест)...


Па, добриот стар фејсбук ќе ви го направи животот поедноставен.

Од среда на корисниците на оваа социјална мрежа ќе им биде полесно фотографиите и пораките да ги делат со помали, изолирани групи пријатели. Иако сајтот уште од 2007 година им овозможи на корисниците да креираат оддвоени листи на пријатели, процедурата беше релативно комплицирана и само мал број луѓе ја користеа таа опција.

Фејсбук сега автоматски ќе ги групира пријателите на корисниците во склад со различните категории. Смарт листите (паметните листи) креирани се на основа на заедничките интереси, а фејсбук за почеток нуди листа на пријатели од училиштето, колеги од работата, луѓе кои живеат во ист крај...



Користењето на оваа можност е опционо, а корсникот листата може да ја прилагоди на своите потреби.

Следни се Close Friends и Acquaintances листите (блиски пријатели и познаници), на кои корисниците сами ќе ги додаваат пријателите.

На Restricted листата (ограничена листа) можете да ги ставите оние кои ги сакате за пријатели, но не сакате со нив да ги делите приватните работи. Корисниците од таа листа ќе ги гледаат само јавно објавените постови.

Новите опции ќе им бидат достапни на сите корисници во тек на следните неколку недели.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...