Monday, 29 August 2011 11:01 Занимливости

На некои девојки им е сосема лесно да го одбијат дечкото кој им го бара телефонскиот број, но сепак поголем процент се оние кои, дали од пристојност, дали од непријатност, го даваат својот број и тогаш кога не сакаат навистина да го направат тоа. Трикот со давањето на лажен телефонски број може да функционира, но постоењето на мобилните овозможува лесно проверување дали сме го дале вистинскиот број...


Опкружи се со пријателки

На поголемиот број момци ќе им биде непријатно да ти го побараат бројот пред топла твои пријателки, затоа што ќе бидат свесни дека сите гледаат што прави, а ризикот и срамот од одбивање во кругот на повеќе луѓе е многу поизразен отколку кога се работи за разговор во четири очи. Држи се до твоите пријателки и шансите дека ќе ти пријде и ќе ти го побара бројот ќе се намалат.

Биди несосретлива


Во ситуација кога не сакаш да оставиш дека некој те интересира, што ќе води до барање на бројот, обиди се да избегнуваш претеран интерес во разговорот. Тоа и не би требало да биде толку тешко, ако навистина не те интересиран, но некои девојки повторно од пристојност ќе глумат сосретливост и ќе поставуваат прашања; момците тоа можат да го сфатат како знак на интерес, што може да доведе до барање на твојот број.

Пази се од мрачни агли


Ако некого навистина го интересираш, стануваш, условно кажано, плен кој може да биде спопаднат од страна, а издвојувањето или заминувањето во мрак му овозможуваат на предаторот да тргне по тоа што го сака. Ако веќе се најдеш сама во мракот, обиди се да изгледаш како да правиш нешто многу важно, па дури и ако ти дојде да те замара, имаш едноставен начин да се ослободиш од него.



Кажи „не“

Изгледа толку едноставно, но недавањето на бројот на некој нема секогаш да резултира со негово повлекување, туку може да се претвори и во инсистирање. Ако дојде до тоа, обиди се да бидеш искрена со личноста со која зборуваш и едноставно кажи дека не ти е пријатно да го дадеш својот број.

Измисли дечко

Ако му кажеш на својот соговорник дека имаш дечко, се намалуваат шансите да ти го бара бројот. Некои момци на овој одговор ќе реагираат со одбрана, велејќи дека твојот број го сакале од пријателски причини, но во поголемиот број случаи е дури повеќе од јасно зошто навистина го барале твојот број. Ако кажеш дека на твојот дечко навистина би му сметало да го даваш својот број на луѓе што тукушто си ги запознала, поголемиот број ќе се откажат и ќа најдат нова жртва. Само пази на континуитетот: ако нему не си му го дала бројот под изговор дека имаш дечко, тогаш не смееш да го дадеш бројот на некој од неговото друштво, што може да биде проблем ако си фрлила око на некој негов згоден пријател.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...