Monday, 29 August 2011 08:07 Занимливости

Шест руски и украински туристи потрошиле „мало богатство“ во ноќен клуб во Сардинија, а потоа се обиделе да избегаат...


Туристи, во главно деца на руски и украински богаташи, поминале неколку „скапоцени“ часови во ноќниот клуб „Милијардер“ во Сардинија, чиј сопственик е директор на Формула 1, Флавио Бријаторе.

Во тие неколку часа „децата на мама и тато“ направиле сметка од 86.000 евра, а кога дошло време да се плати рекле дека немаат пари кај себе.

Иако немале доволно голем „џепалак“ да ја платат сметката, тоа не им пречело пред тоа добро да си поминат и притоа да истурат 90 шишиња скапоцено шампањско - поливајќи се меѓусебе.

Меѓутоа, Бријаторе не сакал да им ја прости сметката на богатите деца, па ги пријавил во полицијата, и веднаш по пренесување на пријавата на негова сметка стигнале 86.000 евра, колку што чинел долгот.

„Се исплати. Веднаш по уплатата ја повлековме пријавата“, изјави помошникот на Флавио Бријаторе, Паоло Азара.

Тој додаде дека децата се обиделе да преговараат и да бараат попуст од 36.000 евра на целата сметка, но на управата и сопственикот на клубот не им паѓало на памет да им излезат во пресрет.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...