Saturday, 27 August 2011 09:42 Занимливости

На прв поглед сцената делува вообичаено - група играчи се држи за шипки во цалата и вежба движења и замави, додека инстукторката ги поправа со благи допири...


Процесот на учење е бавен и макотрпен и бара многу трпение од страна на Фернанда Бјанкини која се обидува на своите ученици да им ја пренесе убавината на танцот. Сите тие се соочени со една голема препрека - слепи се.

„Најтешко е да ги научиш на движењата со рацете, посебно затоа што многумина никогаш во животот не ги виделе тие движења“, вели Бјанкини.

Таквите предизвици сепак се надминуваат со креативно подучување.

„Се обидуваме секој чекор да го поврземе со нешто конкретно“, вели таа додека од учениците бара да замислат како прегрнуваат дрво, а истовремено со дланката го усмерува движењето на нивните дланки и раце.

„Обожавам да танцувам, тоа е мојот живот. Сакам да бидам професионална танчерка. Ќе биде тешко, но ќе успеам“, вели Жизел Апаресида Камило, 32 години, која поради глаукома го изгубила видот на 16 годишна возраст.

Играчите во Здружението на Фернанда Бјанкини, една балетантска фирма за слепи во Бразил, напорно вежбаат додека се подготвуваат за изведбата „Дона Паскала“ на Националната средба на тачнери во Сао Паоло.



Здружението се одржува благодарение на грантовите и продажбата на картите.

„Публиката се повеќе сака да види нешто поинакво. И тогаш ни станува јасно дека не сакаат“, рече Гиза Переира, 25 години, која на девет годишна возраст ослепела и која шест часа дневно вежба балет, а понекогаш држи и часови од истиот.

„Не верував дека слеп балетан може совршено да ги изведе сите тие движења“, рече таа и додава дека најтешки и се пируетите и скоковите затоа што за нив треба „рамнотежа, а некој кој не гледа нема референтни точки“.

Овие танчери почнале да изведуваат претстави на фестивалот во Сао Паоло во 1998 година, пред публика која сака и добро го познава балетот..

Иако не се со идеална градба, нивната желба да научат е огромна и ги надминува сите препреки, вели Бјанкини.

Луѓто гледаат „дека можат да танцуваат и тоа добро да танцуваат“, вели Бјанкини, која подучува 70 ученици, вклучувајќи 50 кои имаат проблем со видот и други кои имаат проблеми со слухот и други хендикепи.

Тие инспирација црпат од легендарната кубанска балерина и кореограф, Алисија Алонсо, која била една од најголемите балерини на 20 век, иако била речиси целосно слепа.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...