Friday, 19 August 2011 07:11 Занимливости

Кој знаеше дека ноевите се толку големи рекордери во кралството на животните? Не само што се најголемите птици на светот, туку исто така ги несат најголемите јајца на светот и се најбрзите животни на две нозе. Ова се 10 работи што можеби не сте ги знаеле за најфасцинантната птица...


1. Ноевите се најголемиот вид на птици, обично тежат од 64 до 132 килограми, а високи се од 1.8 до 2.7 метри.

2. Ноевите можат да трчат со максимална брзина од 97.5 километри на час, правејќи ги најбрзите птици на копно и најбрзото животно на две нозе.



3. Спротивно на популарното верување, ноевите не си ги закопуваат главите во песок. Овој мит веројатно започнал кога Плини Стариот (23-79 година од нашата ера) напишал дека ноевите: „замислуваат дека кога нивната глава и врат е скирена во грмушка, целото нивно тело е невидливо.“

4. Јајцата од ној се најголемите јајца од птици на светот. Во просек тие се долги 15 сантиметри, широки 13 сантиметри и тежат 1.4 килограми.



5. Ноевите имаат само два прста на двете нозе (повеќето птици имаат четири), со нокт на поголемиот, внатрешен прст, кој потсетува на копито. Надворешниот прст нема нокт, а намалениот број на прсти е адаптација која е поврзана со трчањето.

6. Ноевите обично ги поминуваат зимските месеци во пар или сами. Само 16% од ноевите можат да се видат во група од повеќе од два. За време на сезоната на размножување и понекогаш за време на екстремни периоди без дожд, ноевите живеат во номадски групи од пет до педесет птици што често патуваат заедно, со други животни како зебри или антилопи.



7. Крилјата на ноевите достигнуваат размер од околу два метри и се користат за време на парењето за да ги сокријат женките ноеви. Сепак, тие не можат да летаат.

8. Ноевите вообичаено се хранат со семки, трева, овошје и цвеќиња. Тие исто така јадат и некои инсекти. Возрасен ној носи околу 1 килограм камења во стомакот.



9.
За разлика од другите птици, ноевите ја одделуваат урината од фекалиите.

10. Ноевите се одгледуваат ширум свето, посебно за нивните пердуви, кои се декоративни, а исто така се користат за бришење прашина. Нивната кожа се користи за кожени продукти, а се тврди дека имаат една од најцврстата кожа за кожени продукти. Нивното месо има сличен вкус со говедското месо, со малку сало и холестерол, а богато со калциум, протеини и железо.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...